Покетино: Манчестер Сити е тим што може да ги освои сите трофеи

Англиската пресметка во Лигата на шампионите е во фокусот на јавноста. Тотенхем на новиот стадион во Лондон утревечер (21 часот) ќе го пречека Манчестер Сити, а менаџерот Маурисио Покетино смета дека ривалот е состав што би можел да ги освои сите трофеи оваа сезона. Токму затоа и четвртфиналниот двомеч со „граѓаните“ го оценува како најголем предизвик во неговата кариера.

„За нас е бонус и што ќе играме во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Но, секако ќе се потрудиме да победиме. Ова е најголемиот предизвик за мене во кариерата, секако и за фудбалерите на Тотенхем. Манчестер Сити е многу силен тим кој може да ги освои сите четири трофеи оваа сезона. Имаат и одличен менаџер на клупата. Но, ние посакуваме да направиме уште еден чекор и нема да се плашиме. Ќе нападнеме од самиот старт и ќе бидеме агресивни“, изјави Маурисио Покетино.

За Тотенхем утрешниот натпревар ќе биде втор како домаќин на новиот стадион, прв во Лигата на шампионите.

Се вчитува...