Покетино на дебито на клупата на Челси прекрши едно од главните фудбалски правила

Маурисио Покетино имаше успешно деби на клупата на Челси. Премиерлигашот славеше против англискиот четвртолигаш Врексхем со 5-0, но натпреварот го одбележа еден детал кој е топ тема на социјалните мрежи.

Марк Кукуреља настапи во првото полувреме, но беше заменет, а интересно се врати на теренот откако се повреди Тревор Чалобах предизвикувајќи големо изненадување кај фановите на стадионот.

Аргентинскиот тренер го „прекрши“ едно од главните фудбалски правила, но со оглед на тоа што станува збор за пријателски натпревар и никому на теренот не му беше важно. Притоа Покетино добил и дозвола за прекршување на правилото од страна на делегатот, судијата и противничкиот тим.

Се вчитува...