Покетино: Не би го менувал Кејн за Роналдо…

Вечерашниот натпревар меѓу Тотенхем и Реал Мадрид е во фокусот на вниманието на европската фудбалска јавност, а менаџерот на „спарси“, Маурицио Покетино, дополнително ги разгоре страстите. Тој вели дека не би го менувал Хери Кејн за Кристијано Роналдо, алудирајќи дека Англичанецот во моментот е подобар напаѓач од фудбалерот што ја доби наградата „The Best“ од ФИФА.

„За мене Кејн е најдобрата „деветка“ во светот и не го менувам со никого, дури ни со Кристијано Роналдо. Инаку, секако дека го респектирам сето она што Португалецот го има направено низ својата кариера“, изјави аргентинскиот стратег.

Дуелот меѓу Тотенхем и Реал Мадрид ќе биде и директна битка за првото место на табелата во групата Х од Лигата на шампионите.

Се вчитува...