Фудбалската репрезентација на Белгија се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство откако доцна синоќа го декласираше домаќинот САД со 1-4. И покрај тоа што беше укината суспензијата на Балогун не им помогна на Американците да стигнат до триумф на овој меч.
Кога беше прашан за случајот со Балогун кој на крајот беше вклучен во почетниот состав откако Трамп интервенираше кај ФИФА за да му се укине суспензијата, Покетино инсистираше дека „она што се случи околу натпреварот не влијаеше на тимот“.
„Тоа беше прашање на регулатива, освен тоа, немам други коментари, а Белгија беше едноставно подобра тоа е сосема јасно. Луѓето се измешаа. Која беше поентата на сите тие навреди, грди пораки и закани? Ако постои правило и федерацијата може да го примени, и ако ФИФА го одобри настапот на Балогун, тогаш тоа не е проблем. Лично, многу луѓе ме разочараа, зборуваа за политика, манипулација, етика и интегритет, сето тоа го поврзаа и го измешаа“, изјави Покетино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
