Покетино: Ни требаат уште засилувања, но не знам колку точно

По големиот број на засилувања доведени во зимскиот преоден рок, процесот на „ребилдинг“ на Челси ова лето донесе 14 заминувања на фудбалери кои не се во плановите на новиот тренер Маурисио Покетино.

Аргентинскиот стратег ќе има тешка задача да го врати Челси на врвот на Премиерлигата и назад во Лигата на Шампионите, а за тоа вели дека ќе му бидат потребни и дополнителни засилувања, но не знае колку точно.

„Очигледно е дека ни треба помош во одбраната, како и искуство во средниот ред. Угочукву веднаш ќе биде испратен на позајмица. Не сум сигурен колку нови играчи ни се потребни, би било проблематично да се открие тоа сега. За мене е важно што навистина се трудам да ги направиме сите линии на тимот подобри“, изјави Покетино.

Се вчитува...