Покетино од голманската позиција го почнува „ремонтот“ во Челси

Аргентинскиот тренер Маурисио Покетино ќе ја преземе клупата на Челси, а „ремонтот“ во тимот на „сините“ ќе го почне од голманската позиција. Аргентинецот го чека многу работа, да го склопи тимот кој идната сезона ќе се бори за титула. Парите нема да бидат проблем, но мора да се погодат вистинските засилувања.

Затоа Покетино ќе почна да „ремонтира“ од голманската позиција. Наводно Покетино не му се допаѓаат ниту Кепа ниту Менди, па така ќе бара трето решение. А тоа е од Интер, и се вика Андре Онана. Камерунецот имаше импресивни партии сезонава, особено во ЛШ кој е еден од заслужните што Интер обезбеди пласман во финалето.

За да го обезбеди потписот на Онана, Покетино е подготвен да го испрати Матео Ковачиќ во Интер. Практично, тоа  би било кам-бек на Хрватот на „Џузепе Меаца“.

Освен двајцата голмани, се очекува од Челси да си зазминат и неколку други играчи. Се споменуваат имиња на Матео Ковачиќ, Кристијан Пулишиќ, Пјер-Емерик Обамејанг, Хадсон-Одои, Лофтус-Чик, Хаким Зијеш…

Се вчитува...