Маурсио Покетино е нов тренер на Челси. Аргентинецот стана четврти менаџер на овој тим во последните осум месеци. Штотуку завршената сезона ја почна Томас Тухел, па потоа беше назначен Грем Потер, после тоа до крајот на сезона назначен Френк Лампард, а завчера „сините“ објавија соработка со Покетино.
Покетино веднаш тргнува во ремонт на тимот. Целта му е ова лето да се доведат голман, играч од средниот ред и напаѓач, а парите за тоа ќе ги најде со продажба на десетиниа фудбалери.
На списокот на фудбалери кои клубот сака да ги продаде се најдоа и звучни имиња, кои беа скапо платени како што е на пример Кристијан Пулишиќ. Исто така на овој список на играчи кои ќе заминат се Ковачиќ, Зијеш, Канте, Кулибали, Менди, Обамејанг, Феликс, Закарија, Хадсон-Одои, Маунт, Галагер, Шалоба и Лофтус-Чик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА