Покетино после поразот од Евертон: Многу сум разочаран

Тренерот на Челси Маурисио Покетино не ја криеше својата разочараност по мечот со Евертон, во кој неговиот тим уште еднаш загуби.

„Сините“ и покрај многуте потрошени пари за реновирање на тимот, сепак, тоа не дава резултати оваа сезона, и Челси очигледно ќе му треба многу да се избори за излез во Европа.

„Многу сум разочаран. Ова беше натпревар кој требаше да го добиеме. Имаме проблем и ќе мораме да видиме што е“, изјави Покетино.

Аргентинецот го коментираше и зимскиот преоден рок.

„Треба да зборуваме и да се обидеме да бидеме подобри после следниот трансфер пазар“, рече тренерот на Челси.

Се вчитува...