Покетино: Сакам да се вратам во Премиер-лигата

Аргентинскиот стратег, Маурисио Покетино призна дека сака да се врати во Премиер-лигата. Аргентинецот остана без работа минатиот ноември, кога ја прекина соработката со Тотенхем. Во меѓувреме медиумите го поврзуваа со премин во Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.

„Да бидам искрен сакам да работам во Премиер-лигата. Но, сега чекам да видам што ќе се случи. Сакам малку да мислам на себе, да се опоравам. Свесен сум дека во фудбалот нешто може да се случи во секој момент и дека морам да сум подготвен. Верувам дека ме чека нешто фантастично“, изјави Покетино. 

Покетино пет години беше на чело на Тотенхем со кој минатата сезона успеа да стигне и до финалето на Лигата на шампионите.

Се вчитува...