Покетино: Секогаш мислев дека ќе го наследам Мурињо, а потоа животот се поигра со мене

Маурицио Покетино често изминативе години беше поврзуван со Реал Мадрид. И самиот тврди дека бил убеден дека ќе седна на клупата на „кралевите“.

Првите шпекулации за Покетинот како тренер на Реал се појавија уште додека Аргентинецот беше на чело на Еспањол. Тогаш Жозе Мурињо го тренираше Реал, а Покетино сега открива дека мислел дека со сигурност ќе биде негов наследник.

„Секогаш мислев дека ќе го заменам Мурињо во Реал Мадрид. Тој беше во Реал и постојано мислев дека би можел да го наследам. Но, ете, животот се поигра и тој ме наследи мене во Тотенхем“ – вели Покетино.

На ден пред натпреварот меѓу Еспањол и Реал Мадрид, Покетино нагласи како сите во неговото семејство се големи навивачи на Еспањол.

„Моите деца секоја вечер спијат во пиџами од Еспањол. Тешко ми е и да замислам да го сменам клубот“ – изјави тогаш Покетино, а сега открива како на тоа реагираил Мурињо:

„Ми даде шише скапо црвено вино и два дреса на Реал за деца. Ми рече дека тоа се дресови кои моите деца отсега треба да ги носат. Од тогаш сме во навистина добри однос. Мило ми е што тој ме наследи во Тотенхем“.

Се вчитува...