Менаџерот на Челси, Маурисио Покетино верува дека неговиот тим ќе почне да бележи добри резултати. Тој побара трпение од навивачите, и да веруваат во него и во играчите во подобри времиња.
Челси потроши стотици милиони за да се врати тимот на шампионските патеки, но „сините“ имаат дури четири порази во 11 кола во Премиерлигата, а последниот од Брентфорд на домашен терен тешко им падна на фановите.
„Знам дека е тешко да ги задржат чувствата, но тоа е нормално. Навивачите сакаат секогаш да победуваме и понекогаш е фрустрирачки кога не го правиме тоа. Пораката е да веруваат, да имаат доверба во нас и во процесот“, рече Покетино.
Тој најави дека на утрешниот меч во Лига-Купот против Блекбурн нема да ги штеди силите, туку ќе излезе со најдобриот состав.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА