Покетино застана зад Стерлинг: Тој е одличен фудбалер кој може да ни донесе многу

Рахим Стерлинг не се прослави во првата сезона во Челси во која и клубот од Лондон бележеше катастрофални резултати. Репрезентативецот на Англија на 28 настапи во Премиерлигата забележа само шест гола и три асистенции по што се јавија гласини за можно заминување по стапките на Ковачиќ, Маунт, Кулибали…

Сепак истите се чини дека ги отфрли новиот тренер Маурисио Покетино кој изјави дека воопшто не лесно да се адаптираш кога тимот бележи лоши резултати, а Стерлинг е играч кој може да донесе многу во новата сезона.

„Со оглед на околностите во тимот некогаш не е лесно на играч брзо да се адаптира и да игра на исто ниво како во претходните клубови. Но, ние и понатаму говориме за многу добар играч кој може да донесе многу за екипата“, изјави Покетино.

Се вчитува...