Фудбалската репрезентација на Македонија загуби со 0-2 од Шкотска во натпревар од 3. коло од новата сезона во Б-лигата на нации. Повторно одигравме слаб натпревар со само еден удар кон голот на противникот, кој тотално не надигра. Серијата само продолжува и Македонија сега е во низа од седум меча без гол откако селектор е Гоце Седлоски.
По мечот селекторот на Шкотска, Себастиен Покоњоли ги сумираше впечатоците…
„Одигравме добар натпревар. Создадовме голем број на шанси. Имавме добар перформанс, но мора да подобриме многу работи во нашата игра. Сепак морам да бидам задоволен од мечот. Кога останавме со играч помалку тогаш решив малку да се повлечам, но добро се браневме и во тој период“, изјави Покоњоли.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
