Покрај Кејн и Халанд, Сити подготви и „план Ц“ за нов напаѓач!

Манчестер Сити е во потрага на напаѓач по заминувањето на Серхио Агуеро. Првиот кандидат беше Хари Кејн, додека во позадина се повеќе се зборуваше за Ерлинг Халанд, но сега се појави и ново име.

Бразилските медиуми јавуваат дека Сити е заинтересиран за интернационалецот Јури Алберт (20). Станува збор за напаѓач кој во Интернационал пристигнал од Сантос како слободен играч, а во досегашниот тек на сезоната на 49 настапи запишал 18 гола.

Алберто според „Трансфермаркт“ е проценет на шест милиони евра, па тешко дека Интернасионал би можел да смета на драстично поголемо обештетување и покрај интересот на уште неколку неименувани европски клубови. Бразилецот го привлече вниманието кон себе со игрите во јуниорските репрезентации на Бразил, но се уште нема играно за сениорската селекција.

 

Се вчитува...