Пол Погба конечно, следната седмица ќе почне да тренира со Манчестер Јунајтед, најави менаџерот Оле Гунар Солскјер. Французинот е отсутен веќе три месеци поради повредата на зглобот. Нема одиграно натпревар за клубот од септември. Периодов најмногу внимане привлекуваше додека беше на рехабилитација во Мајами.
Погба има само шест настапи за Јунајтед сезонава и неговото долго отсуство се поврзуваше со можноста да го напушти „Олд Трафорд“ со оглед на итересот за него од поранешниот клуб, Јувентус, но и од Реал Мадрид.
Солскјер на прес конфернецијата во пресрет на викенд колото в0 Премиер-лигата беше многу внимателен во врска со Погба. Тој само рече оти се надева дека францускиот репрезентативец ќе почне да тренира со тимот следната седмица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА