Пол-позиција за Перез, глупоста на Леклер го уништи и Ферстапен

Серхио Перез во Ред Бул ја освои пол-позицијата на трката за Големата награда на Мајами.

Друштво од првиот ред на Мексиканецот ќе му прави Фернандо Алонсо во Ред Бул. Од вториот стартен ред ќе тргнат Карлос Сајнц во Ферари и Кевин Магнусен во Хас.

Шарл Леклер повторно направи голема глупост и откако излета на минута и пол до крајот на третите квалификации и остана без време, па затоа ќе стартува од седмото место на утрешната трка. Проблем му направи и на Макс Ферстапен кој поради тоа што исто така нема време ќе стартува како деветти.

Лош настап имаше седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон кој не ги помина вторите квалификации и утрешната трка ќе ја стартува од 13. место.

Трката за Големата награда на Мајами е закажана за утре со почеток во 21.30 часот.

Се вчитува...