Пола НБА заинтересирана за МВП Мициќ

Василије Мициќ по фантастичната сезона во Европа е на прагот да дополнување на „српската колонија“ кошаркари во НБА лигата. За услугите на најкорисниот играч на овогодишното издание на Евролигата заинтересирани се Чикаго, Сан Антонио, Детроит и Орландо, но правата за бекот ги има Оклахома.

Кошаркарот на Ефес оваа сезона го предводеше тимот до титула во најсилното кошаркарско натпреварување на Стариот континент со 16.7 поени, 4.9 скока и 2.9 асистенции во просек, па сосема заслужено ги спои МВП наградите за регуларниот дел до сезоната и Ф4 турнирот.

Доколку Србинот се реши да замине во најсилното кошаркарско натпреварување, тоа ќе биде во тим кој ќе го смета за улога во почетната петорка. Последен кој по освојување на МВП награда во Евролигата замина во НБА е Лука Дончиќ.

Се вчитува...