„Пола“ Вардар пристигна во Саудиска Арабија, се чека втората половина

Ракометарите на Вардар утрово пристигнаа во Дамам, Саудиска Арабија, каде ќе се обидат да стигнат до трофејот за светски клупски првак.

Патот од Скопје преку Истанбул до Дамам мина со проблеми, откако уште на скопскиот аеродром на „вардарци“ и покрај уредно извадените билети на ракометарите им било соопштено дека во авионот ќе нема место за сите. Реакциите не вродиле со плод, па така дел од играчите и управата на клубот синоќа остана во Скопје, а дури утрово полета за Истанбул, од каде во текот на денешниот ден ќе пристигне во Саудиска Арабија и ќе му се приклучи на остатокот од тимот.

Вардар денеска нема настап, но тренерот Писонеро ќе може во живо да го проследи дуелот меѓу Њујорк Сити и Ал Мудхар, од кој победникот ќе се сретне со „црвено-црните“ во четвртфиналето од Супер-глоуб.

Се вчитува...