Олеснувањето на Ковид-19 мерките во Велика Британија носи и навивачи на стадионите во Премиер-лигата каде до 10 илјади љубители на фудбалот ќе можат да ги проследат последните две кола од првенството.
Она што е навистина интересно е тоа што и покрај најавите дека гостински навивачи нема да може да патуваат за дуелите на своите екипи, денеска медиумите на „Островот“ пишуваат дека сепак оваа мерка ќе биде променета, а тоа го потврди и извршниот директор на Премиерлигата, Ричард Мастерс.
„Владата не извести дека во склоп со новите олеснувања на Ковид мерките се планираат и промени во правилото за забрана на патување на гостински навивачи на стадионите за последните натпревари од сезоната. Враќањето на навивачите и полни стадиони е нашата цел и поради тоа мислам дека е добро да ја прифатиме оваа идеја и да им дозволиме присуство на гостинските навивачи. Нашиот предлог е за гостите да биде дозволено пет отсто од дозволениот капацитет, а максимално до 500 места за натпреварите од 37. и 38. коло“, објави Мастерс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА