Мекени правел забава со соиграчи од Јуве – Кривично ќе одговараат заради групирање!

Вестон Мекени, Пауло Дибала и Артур, првотимците на Јувентус, ќе бидат казнети од клубот, но се и пред кривично гонење затоа што биле дел од организирана забава, нешто што не е дозволено за време на пандемијата на коронавирусот во Италија.

„Ла Стампа“ пишува дека забавата ја организирал Мекени, поранешен играч на Шалке во неговата куќа. Негови гости биле Дибала и Артур, како и уште неколку пријатели. Собирот од ваков вид во Италија во моментов е строго забранет, па затоа и фудбалерите на Јуве ги очекува дополнителна санкција.

Соседите повикале полиција, а за да бидат работите уште полоши за асовите на „Старата дама“, органите на прогонот ги оставиле да чекаат скоро еден час пред вратата. Кога конечно им отвориле, полицијата ги затекнала фудбалерите со пријатели како се забавуваат.

Сите присутни биле принудени да платат казна од 400 евра, а останува да се види дали против нив ќе биде покренато друго обвинение. Исто така беше најавено дека Јувентус сигурно ќе ги казни своите фудбалери.

Се вчитува...