Полицијата истражува ужасен чин кој го шокираше семејството на Емилијано Сала

Полицијата во Аргентина истражува ужасен чин на поединец кој објави фотографија од телото на починатиот фудбалер Емилијано Сала од мртовечница.

Сала трагично загина во авионска несреќа на пат од Нант кон Кардиф, а неговото тело беше пронајдено по двенеделна потрага. Со обдукција е утврдено дека починал од тешки повреди на главата.

„Свесни сме и згрозени дека некој споделил фотографија на социјалните мрежи. Семејството Сала минува низ многу тешки моменти, посебно и со смртта на таткото на Емилијано, а сега дополнителна болка е и ова што се случува со еден ваков ужасен чин. Го истражуваме овој инцидент како би откриле кој е одговорен за фотографија и нејзиното делење по социјалните мрежи“ – информираат од аргентинската полиција.

Пред два дена не издржа и срцето на таткото на Емилијано, Хорацио Сала кој почина од срцев инфаркт.

Се вчитува...