Полицијата од Лас Вегас потврди: Има доволно докази за обвинение против Роналдо

Полицијата од Лас Вегас и официјално потврди дека има доволно докази за обвинение против Кристијано Роналдо за случајот со силувањето од 2009 година, иако истрагата се уште не е до крај завршена.

Роналдо, според тврдењата на жртвата Катрин Мајорга,во Лас Вегас во 2009 година извршил силување. Полицијата го отвори случајот по нејзината пријава сега информирајќи дека има доволно доказни материјали, вклучувајќи ги и официјалните лекарски извештаи од 2009 година.

Медиумите шпекулираа дека изминативе осум години исчезнал целокупниот материјал од тој случај, но портпаролот на полицијата од Лас Вегас истакна дека истиот се уште е тука прецизно архивиран.

„Тестовите кои тогаш беа работени не се исчезнати. Тие се во наш посед исто како и сите лекарски извештаи. Имаме доволно доказен материјал“ – истакна портпаролот на полицијата.

За наредниов период е најавено и сослушувањето на португалската ѕвезда за што официјално е информиран и неговиот клуб Јувентус. Процедурата е сложена бидејќи Роналдо не живее во САД, но согласно американските закони по покренувањето на обвинението секако ќе мора да се појави на суд.

Се вчитува...