Полноќна „бомба“: Манчестер сити го руши рекордот за најскап дефанзивец во историјата

И дефинитивно, Манчестер Сити ги договори личните услови по кои хрватскиот дефанзивец Јошко Гвардиол ќе премине во шампионот на Англија, пренесува Фабрицио Романо.

Романо информираше дека Хрватот ја прифатил понудата на „граѓаните“ околу висината на платата и должината на договорот.

Сити во наредните денови ќе започне преговори со тимот Лајпциг кој бара 100 милиони евра отштета. Претходно, „граѓаните“ беа подготвени на 90 милиони евра, но се очекува сумата, сепак, да достигне до 100 милиони евра со што Сити би го срушил рекордот за отштета за централен дефанзивец.

Се вчитува...