Полноќна „бомба“ од НБА: Расел Вестбрук пред потпис со ЛА Лејкерс

ЛА Лејкерс подготвува нова „бомба“ на пазарот во најсилната американска лига откако беше обелоденето дека екс-шампионите се во завршна фаза од преговори за ангажман на Расел Вестбрук.

Леброн Џејмс не беше задоволен од настапите на тимот сезонава, што беше доволна причина управата да тргне во „ремонт“ и потрага по трета „ѕвезда“ што заедно со Џејмс и со Дејвис ќе тргне во напад на нов шампионски прстен.

Вестбрук веќе побара да биде трејдуван од Вашингтон, а „езерџиите“ ја искористија ситуацијата и тргнаа во офанзива за потпис со рекордерот во НБА-лигата по трипл-дабл натпревари. Понудата е веќе испратена, во Вашингтон би завршиле Кузма, Колдвел – Поуп и Монтрецл, како и првиот пик од драфтот во 2021 година што им припаѓа на ЛА Лејкерс.

Се вчитува...