Полонара на итна операција поради тумор на тестисите

Италијанскиот кошаркар Ахиле Полонара мора да оди на оперативен зафат поради тумор на тестисите, соопшти неговиот клуб, итлијанскиот евролигаш Виртус Болоња.

На 31-годишниот репрезентативец на Италија на последниот преглед му бил дијагностициран тумор на тестисите поради кој мора да подлежи под итен оперативен зафат кој ќе биде одработен во вторник. Клуб во соопштението не открива за сериозноста на болеста, ниту пак дали кошаркарот ќе може да продолжи со професионалната кариера.

Се вчитува...