Полска бара баражот со Русија да го игра на неутрален терен

Полското министерство за спорт, ќе поднесе барање до УЕФА да го игра баражот со Русија за пласман на Мундијалот во Катар на неутрален терен, по најновите случувања меѓу Русија и Украина.

Ова го изјави министерот за спорт, Камил Бортничук кој изразил загриженост поради ситуацијата и за безбедноста на фудбалерите на Полска кои ќе патуваат во Русија.

„Ќе се обидеме да го играме овој натпревар барем на неутрален терен. Ако бидеме одбиени, потоа ќе размислуваме што ќе правиме. Верувам дека во една ваква ситуација полските спортисти не треба да патуваат во Русија, но ова е мое лично мислење“, вели Бортничук.

Полската федерација веќе се консултирала со УЕФА и ФИФА и изразила загриженост поради ситуацијата пред баражот.

Натпреварот меѓу Русија и Полска за пласман во баражот треба да се игра во Москва на 24. март.

Се вчитува...