Полска ја совлада Шведска и се пласираше во Катар! (ВИДЕО)

Селекцијата на Полска е вториот патник на Мундијалот во Катар од баражите на УЕФА. После Португалија, и Полјаците со идентичен резултат 2-0 триумфираа над Шведска, и така се пласираа на Светското првенство.

Полјаците не блескаа, барем кога станува збор за поседот и играта, но дури во 49. минута успеаја да го најдат патот до мрежата на Швеѓаните. Левандовски од пенал најпрво донесе 1-0, а во 73. минута Зиелински погоди за 2-0.

Така Ибрахимовиќ и Кулушевски останаа без Мундијал, а веројатно за Ибрахимовиќ ова ќе биде и последен настап за селекцијата на Шведска, откако се пензионираше, па се реши да се врати, но неиграњето на Мундијал веројатно ќе значи и дефинитивен крај во репрезентацијата.

Се вчитува...