ПОЛУВРЕМЕ: Дебакл во најава – Кошаркарите во двоцифрена негатива

Македонија игра катастрофално прво полувреме против Швајцарија, 20 минути по кои нашите кошаркари губат со десет поени (25-35) по дваесет минути игра во СЦ „Јане Сандански“. Нападот е катастрофално лош и безидеен, а зонската одбрана засега не дава резултат бидејќи противниците погодија неколку шутеви од далечина со кои стигнаа до удобна предност во пресрет на второто полувреме.

Бајиќ го стартуваше мечот без Вајли во почетната петорка, со Магдевски и Стајиќ на бековскиет позиции, Мекиќ како крило и Трајковски и Крстевски задолжени за борба под обрачите. Мечот го почнавме катастрофално, Швајцарците по нецели четири минути поведоа со 2-9, принудувајќи го македонскиот селектор веднаш да побара тајмаут. Веднаш потоа следеа две тројки на Магдевски и на Бојан Крстевски, веднаш пооа Крстевски погоди и за два, па швајцарскиот кормилар на истекот од петтата минута го побара првиот тајмаут при 10-9 за Македонија. Гостите го свртеа резултатот во своја полза, погодија неколку шутеви од далечина, па со тројката на Роберто Ковач со звукот на сирената ја добија почетната четвртина со 17-22.

Лошото издание продолжи и во втората четвртина, во која во првите седум минути Македонија постигна само пет поени, а противникот поведе со 22-30. Очајни бевме во нападот, но исто така и во одбраната, па Швајцарците со фантастичен цепелин ставија печат на одличното полувреме, пред Магдевски да погоди за 25-35, резултат со кој се замина на одмор.

Се вчитува...