Полувреме: Македонија на прагот да избори излез од претквалификациите за СП 2023

Македонската кошаркарска репрезентација е на добар пат да ја забележи и втората победа на претквалификациите за Светското првенство 2023 откако на полувреме од мечот против Швајцарија има предност од 26-39.

За разлика од првиот меч против денешниот противник, избраниците на селекторот Бајиќ имаат контрола на играта во рекетот, а со тоа и заслужна предност.

Македонија подобро го започна натпреварот во кој преку добрата одбрана стигнавме до предност од осум поени. Швајцарците на момент ги консолидира своите редови и преку агресивната одбрана ја вратија резултатската негатива, но следеше нов добар период на ‘црвено-жолтите’ за водство од 10-18 по првата четвртина.

Во нашиот табор следеше пад во играта во нападот во поголемиот дел од втората четвртина, но избраниците на Бајиќ беа сигурни во одбраната па постојано ја одржуваа предноста. Како што одминуваа минутите, ‘црвено-жолтите’ успеаја да најдат влез во рекетот, притоа погодија и обиди за три поени па паузата заминаа со предност од +13.

Се вчитува...