ПОЛУВРЕМЕ: Одлична игра и предност против Словачка

Како нова репрезентација на Македонија да излезе во вториот натпревар од балонот во претквалификациите за Светското првенство.

По лошата игра и поразот од Швајцарија во првиот меч, „црвено-жолтите“ одиграа одлично против Словачка и на полувреме имаат предност од 35-24.

Нашата репрезентација одигра одлично во одбраната во првото полувреме каде беа сопрени високите играчи на Словачка, а следеше и вистински одговор во нападот каде профункционира и шутот за три поени, а ‘пик’ играта резултираше со забивања на Вајли па во еден момент имавме и предност од 19 поени (15-34).

Сепак до крајот на првото полувреме Словачка успеа да најде решение за нашиот напад со зонска одбрана, а брзото исполнување на бонусот во втората четвртина донесе и лесни поени за Словаците од линијата за слободни фрлања па нашата висока предност беше стопена на само 11 поени по 20. минути игра.

Бојан Трајковски со девет поени е прво име во нашиот табор, додека Вајли уфрли осум.

 

Се вчитува...