Полувреме против Словачка: Крах на нападот за негатива од шест поени

Македонската кошаркарска репрезентација на полувремето од последниот натпревар од претквалификациите за Светското првенство 2023 има негатива од шест поени (32-38).

По лошото отварање на натпреварот во кој ‘црвено-жолтите’ не успеаја да го најдат напаѓачкиот ритам и да го заштитат рекетот од високите играчи на Словачка (13-17), Македонија преку Николов и Вајли успеа да наметне свое темпо и да го превземе водството на отварањето на вторите десет минути.

Добриот моментум на нашите репрезентативци продолжи и во поголемиот дел од втората четвртина, меѓутоа главниот проблем со кој се соочуваат избраниците на селекторот Бајиќ – констатноста во нападот повторно излезе на виделина. Тоа го искористи Словачка за преку серија од 9-0 за две и пол минути да стигне до предност од 32-38 на полувремето.

Се вчитува...