Полувреме: Симултанка на Шпанците со Саудиска Арабија

Шпанија го остави зад себе разочарувачкиот прв меч со Зеленортските острови, па европскиот првак игра извонредно прво полувреме попладнево против Саудиска Арабија, на одмор заминувајќи со убедливи 3-0.

Де ла Фуенте направи четири измени во стартниот тим, но онаа најважната дефинитивно беше онаа што Ламин Јамал се најде меѓу единаесетте стартери на „црвената фурија“.

Токму суперталентираниот тинејџер го постигна првиот гол во 10. минута од натпреварот, одлично снаоѓајќи се по асистенцијата на Баења.

По тој гол спадна притисокот што Шпанците го имаа врз себе, продолжија да доминираат и набрзина дадоа уште два гола, преку Ојарзабалл, во 21. и во 24. минута.

На одмор се замина со 3-0, исход од кој Саудијците можат дури и да бидат задоволни ако се знае дека Шпанците упатија дури 17 удари кон нивниот гол.

Прогнозите се дека шпанската симултанка ќе продолжи и во второто полувреме, а прашањето е само со колку гола во противничката мрежа европскиот првак ќе го заврши овој натпревар.

Се вчитува...