Полувреме во Киев: Кога одбраната функционира се е полесно – Македонија на „плус“ четири

Македонската кошаркарска репрезентација во второто коло од квалификациите за Светското првенство 2023 гостува во Украина каде на полувремето од мечот со „главната команда“ има предност од 30-34. „Црвено-жолтите“ не блескаат во нападот, но играат храбро во одбраната која засега ни носи позитивен исход.

Нашите кошаркари ја контролираат скок играта (14-17) и играта во рекетот каде на високите Украинци им се дозволени само 14 поени, а на спротивната страна реализирани 22. Притоа „црвено-жолтите“ не трошат и многу топки во обидите зад линијата 6,75 каде постигнавме три од осум обиди.

Ниеден играч во таборот на Македонија нема двоцифрен број на постигнати поени во првото полувреме, но истите се добро распределени. Адем Мекиќ е лидер со 8 поени и 2 скока, по 4 поени постигнаа Робев, Маслинко и Вајли, а по три додадоа Николов, Симиќ, Крстевски и Стојановски.

Се вчитува...