ПОЛУВРЕМЕ: Вриеше од шанси на „Енфилд“, но ПСЖ се стекна со предност (ВИДЕО)

Ливерпул губи од ПСЖ по првиот дел на реваншот од 1/8 финалето во Лигата на шампионите на натпреварот на „Енфилд“.

Голот го постигна Усман Дембеле, а истиот играч можеше барем уште двапати да се запише во листата на стрелците, и да ја направи разликата уште поубедлива. Сепак, најдобрата шанса за 0-2 ја имаше Кварацхелија, чиј удар во последен миг беше изблокиран, и заврши за малку над пречката.

Инаку Ливерпул на почетокот во почетните минути можеше да дојде до водство, но Салах пропушти две добри шанси, а потоа им се врати со голот на Дембеле во 12. минута од средбата, со што сега резултатот е израмнет.

Во Милано, Интер и Феенорд играат 1-1, додека во Леверкузен на германското дерби доминира Баерн Минхен, но нема голови.

Се вчитува...