Помина „модата“ во Катар – Шариќ остана единствен на списокот

Репрезентацијата на Катар одново се враќа на домашните играчи и главно на домашен погон ќе настапи на првенството на Азија што ќе се одигра во јануари во Ј. Кореја. Од плејадата натурализирани ракометари од Европа со кои Катар стигна до вицешампионската титула на СП 2015 на кое беше домаќин, сега остана само голманот Даниејел Шариќ. Одф странците што беа носители на играта на катѕарската репрезентација на списокот на слеекторот Валеро Ривера покрај Шариќ е и кубанскиот бек Рафаел Капоте. А до неодамна кога натурализацијата беше во мода во Доха, националната химна на Катар ја пееја и Марковиќ, Багариќ, Мемишевиќ, Стојановиќ, Видал…

На континенталниот шампионат  кој воедно ќе биде и квалификациски за СП 2019, Катар ќе игра во групата Д заедно со селекциите на Саудиска Арабија, Кина и Нов Зеланд.

Се вчитува...