Понитка откри зошто го избра Партизан

Новиот кошаркар на Партизан, Матеуш Понитка вели дека Жељко Обрадовиќ е главната причина за приклучувањето во шампионот од АБА.

Полјакот имаше и други понуди од Евролигата, но реши да се проба во црно-белиот дрес по епизодата во Панатинаикос.

„Имав неколку понуди, разговарав сериозно и со Макаби… Но, секогаш сонував да играм за Жељко, да видам каков човек е на теренот и надвор од него. Слушнав многу приказни, секако, но поинаку е кога си дел од тоа секојдневно. Најголема работа за мене е што можам да учам кошарка од него. Тоа ми беше главна причина, не парите,не живеењето во Белград, туку да можам да научам нешто ново од најдобриот тренерски ум“, рече Понитка.

Полјакот, кој има 29 години, минатата сезона со ПАО имаше просек од 8,4 поени, 5,2 скока, 2,4 асистенции, 1,1 украдена топка на 27 натпревари во Евролигата.

Се вчитува...