Попирин го победи Ѓоковиќ па доживеа експресна елиминација на УС Опен, и Зверев во четвртфинале

Австралискиот тенисер Алексеј Попирин кој го елиминираше Новак Ѓоковиќ на УС Опен, и самиот брзо го заврши натпреварувањето во Њујорк.

По четири сета во осминафиналето подобар од него беше домашниот тенисер Френсис Тијафо кој победи со 6-4, 7-6, 2-6 и 6-3.

Тијафо за место во своето второ полуфинале ќе игра против Григор Димитров.

Место во четвртфиналето обезбеди и германскиот тенисер Александар Зверев со победата над Брендон Накашима. Финалистот од 2020 година славеше со пресврт, по 160 минути игра, со 3-6, 6-1, 6-2, 6-2.

Се вчитува...