Попзлатанов се врати во Македонија ЃП

Јован Попзлатанов после една полусезона, одново се врати во Македонија ЃП. Крилниот офанзивен играч во изминатите шест месеци беше дел од Вардар, но откако таму се случува целосен „хаос“, поранешниот младински репрезентативец се реши да направи „кам-бек“ во Ѓорче Петров.

Попзлатанов играше во Македонија ЃП од јули 2021 до јули 2022 година, а потоа се реши да се врати да им помогне на „црвено-црните“ во битката за враќање во Првата лига.

Во минатото Попзлатанов беше дел и од Тетекс, Пелистер и летонска Рига.

Се вчитува...