Јужноафриканскиот натпреварувач во брзо одење Лебоганг Санџ е суспендиран на четири години поради допинг и ќе ги пропушти Летните олимписки игри во Токио. Поранешниот африкански шампион беше пријавен на трката на 20 километри брзо одење која на програмата е закажана за 5. август.
Судот за спортска арбитража пресудата за овој случај ја донесе во Токио. 30-годишниот атлетичар беше позитивен на анаболички стероид тренболон и привремено е суспендиран во декември 2019 година.
Неговата суспензија ќе истече пред игрите во Париз во 2024.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА