Поради фрактура на стапалото, Евертон останува без Дукуре

Евертон се соочува со голем удар, откако одекна веста дека Абдулај Дукуре се здобил со скршеница на стапалото. Фудбалерот од средината на теренот треба да биде опериран, а тоа значи дека го очекува пауза од зелените терени.

Дукуре беше клучна фигура во тимот на Рафа Бенитез во текот на оваа сезона и се чинеше дека со секој следен натпревар израснува во уште подобар фудбалер. 28-годишниот играч веќе постигна два гола и запиша четири асистенции досега.

Тој пропушти седум натпревари минатата сезона со уште една фрактура на стапалото, но индикациите покажуваат дека тој може да отсуствува уште подолго овој пат, првичните прогнози укажуваат дека минималната пауза може да биде од шест до осум седмици.

Инаку, Евертон се соочува со густ распоред во наредните недели бидејќи гостува кај Тотенхем пред да отпатува на „Етихад“ за да се соочи со Манчестер Сити.

Се вчитува...