Поради неажурноста на Агенцијата за млади и спорт, Македонија без еден од најталентираните фудбалери во квалификациите за ЕП

Македонската репрезентација до 19 години од 10. до 16. ноември ќе ги одигра натпреварите од квалификацискиот турнир за пласман во Елитна фаза квалификации за Европско првенство. Нашата надежна репрезентација на турнирот во Албанија ќе се соочи со селекциите на Албанија, Србија и Франција.

Голем хендикеп за нашата репрезентација е отсуството на Берат Калкан. Фудбалерот на турски Касимпаша нема да биде во составот на Македонија поради тоа што Агенцијата за млади и спорт се уште не дава никакво мислење по барањето на ФФМ испратено пред осум месеци за обезбедување македонско државјанство за Берат Калкан. Македонија ќе биде без еден од најталентираните свои фудбалери Берат Калкан кој настапува во турски Кашимпаша, поради „ажурноста“ на Агенцијата за млади и спорт која веќе осми месец е без одговор за македонското државјанство на Калкан. Од ФФМ осум месеци чекаат АМС да одговори за да може да се добие државјанство за Калкан кој веќе даде согласно за настап во македонскиот дрес.

„Реално, се соочуваме со многу проблеми околу составот. Еден од нашите најталентирани фудбалери, Берат Калкан од турски Касимпаша поради административни проблеми (ФФМ веќе осум месеци нема одговор од Агенцијата за спорт и млади за државјанство на Берат Калкан) дефинитивно нема да биде во составот на репрезентацијата, а до последен момент ќе чекаме одговор околу евентуален настап на Јанкуловски и Тасевски исто така поради административни причини. Поради повреда (скршеница на раката) не можеме да сметаме ниту на Андреј Стојчевски од Академија Пандев“ – вели селекторот Дашмир Беари, притоа дополнувајќи:

„Групата е исклучително тешка. Франција е фаворит. Нашиот прв противник Србија, исто така е многу квалитетна репрезентација, а одлична генерација има и селекцијата на Албанија. Позитивно за нас во овој момент е тоа што од повиканите фудбалери нема повредени и ќе бидат подготвени да се соочат со силни противници. Верувам во тимот и во квалитетот на нашата репрезентација. Наша цел е да се надигруваме со сите, а колку тоа ќе биде доволно за позитивни резултати ќе видиме по крајот на натпреварите“.

Турнирот го отвораме против Србија на 10. ноември во Елбасан, три дена подоцна играме против топ фаворитот Франција, а на 16. ноември е мечот против домаќинот, селекцијата на Албанија.

СПИСОКОТ НА МАКЕДОНИЈА ЗА КВАЛИФИКАЦИСКИОТ ТУРНИР ЗА ЕП

Голмани: Стефан Тасев (Македонија Ѓ.П), Гоце Јовчев (Вардар), Кире Новаков (Триглав, Словенија);

Одбрана: Кристијан Тасески (Аугзбург, Германија), Решат Рамадани (Шкендија), Грегори Давков (Вардар), Самет Реџепи (Детонит), Антонио Јанкуловски (Фролунда, Шведска), Гордијан Христовски (Тетекс), Давид Бошески (Кит Го).

Среден редОктај Ракипи (Шкендија), Џемиљ Јахији (Воска Спорт), Ване Крстевски (Академија Пандев), Матеј Ангелов (Работнички)Зуфер Шаини (Бриње, Словенија)Мартин Талаков (Подбрезова, Словачка), Љупче Кудев (Кит Го).

НападБехар Фета (Воска Спорт), Али Али (Ренова), Емир Саитоски (Домжале, Словенија), Дашмир Елези (Шкендија), Бесар Гуџуфи (Бешикташ).

Се вчитува...