Поради полицискиот час, фудбалските натпревари во следните две недели од 13 часот

Комисијата за натпревари на Фудбалската федерација на Македонија, поради засилувањето на антиковид-мерките од страна на Владата и воведување на полициски час на територијата на цела држава со почеток од 20 до 05 часот наутро, донесе промена во термините на одигрување на натпреварите на домашната сцена.

Сите натпревари во сениорска конкуренција од Прва МФЛ, Втора МФЛ Исток и Запад и Куп на Р.Македонија во периодот на траење на полицискиот час ќе започнуваат од 13 часот. 

Први кои ќе се играат од 13 часот се веќе во среда (7. април) полуфиналните натпревари од Купот на Македонија, Струга ТЛ – Силекс и Македонија ЃП – Академија Пандев.

Се вчитува...