Порака од Бергамо: Играње фудбал би значело непочитување на мртвите…

Челниците на Италијанската Фудбалска Федерација и претставниците на клубовите интензивно разговараат во обид да биде најден начин за финиширање на Калчо-лигата, но за навивачите на Аталанта нема дилема по ова прашање – сезоната мора да биде прекината. Бергамо е еден од најпогодените градови од коронавирусот, епидемијата низ Италија почна од дуелот меѓу Аталанта и Валенсија на кој присутни беа 40.000 домашни навивачи, па ставот на навивачите е јасен – од почит кон жртвите до крајот на сезонава не треба повеќе да се игра фудбал.

Најверните фанови на Аталанта испратија и писмо до претседателот Антонио Пекраси, барајќи од него да се откаже од сите натпреварувања до крајот на сезонава.

Во така трагичен момент за градот кој е најпогоден од коронвирусот, веќе нема место за фудбал. Мислиме дека за Аталанта ова првенство е завршено. Тоа можеби не е изводливо, но сметаме дека нашата Аталанта треба да биде пример за сите во оваа војна, без разлика што ќе одлучат фудбалските лидери. Замислете само колку навивачи на Аталанта го загубија животот од овој проклет вирус. Учеството на Аталанта би значело непочитување на сите оние кои го дадаа животот за Бергамо. Има време за враќање на Аталанта, еден ден ќе го освоиме и скудетото, но сега веќе нема смисла да се игра фудбал“, се вели во пораката на навивачите до првиот човек на клубот од Бергамо.

Се вчитува...