Порака од Црвена Звезда: Дајте ни го Динамо, да видиме кој е кој

Во таборот на Црвена Звезда се прославува големиот успех со новиот пласман во Лигата на шампионите, а „црвено-белите“ во пресрет на утрешната ждрепка имаат само една желба – да се сретнат со Динамо Загреб. Хрватскиот првак ќе се најде во третиот, а „црвено-белите“ во четвртиот шешир, со што е возможно двата гиганти од поранешна Југославија да водат меѓусебни пресметки во елитното европско натпреварување.

„Немам желба, би сакал да го добиеме Динамо Загреб. Да излеземе на терен и да видиме кој е кој. Мој став е дека прераснавме во најдобар клуб во регионот и би сакале тоа да го покажеме. Тој двомеч сигурно би предизвикал и многу „предигри надвор од теренот“ што би сакал да ги избегнеме бидејќи Црвена Звезда мора да ја следи имиџ на вистински спортски колектив“ – истакна директорот на српскиот првак, Звездан Терзиќ.

Црвена Звезда минатата година се најде во најтешката група во Лигата на шампионите со ПСЖ, Ливерпул и Наполи, но сепак успеа да освои четири бода, совладувајќи го во Белград тимот на Ливерпул и ремизирајќи со „наполитанците“.

Се вчитува...