Легандата на српскиот фудбал Дејан Станковиќ испрати порака со силна поддршка за својот некогаш соиграч и репрезентативен колега, Синиша Михајловиќ.
Михајловиќ вчера, по 40 дена терапии излезе од болница, и ја водеше својата Болоња во 1. коло од Серија А против Верона. Токму поради тоа Станковиќ испрати емотивна порака…
„Мој добар чале…, ние сме родени победници, многу среќа, она нашето… море прегази ги сите“ – напиша Станковиќ на својот Инстаграм профил со фотографија заедно со Михајловиќ од времето кога го носеа дресот на Лацио.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА