Порака за Обамејанг: Под итно заминувај од Арсенал

Пјер-Емерик Обамејанг и сезонава е клучниот фудбалер на Арсенал. Габонецот постигна 20 гола во 32 настапи за „топчиите“, но веќе од поодамна се зборува дека во летниот преоден рок би можел да ги напушти Емиратите.

И претседателот на Фудбалскиот сојуз на Габом, Пјер Алаин Моунгенги почна да го моли да го напушти Арсенал.

„Во Арсенал ништо не освои, а тоа е вина само на тимот. Не сакам да кажам дека Арсенал е неамбициозен, но нема исти амбиции како и останатите клубови. Ако оди во некој друг сигурно веднаш ќе се снајде. Сите Габонци го гледаат и сакаат да го видат во голем клуб во кој ќе освојува трофеи“ – вели Моунгенги.

Обамејанг е член на Арсенал од јануари 2018 година. Договорот со „топчиите“ му важи до јуни 2021 година.

Се вчитува...