Поранешен бразилски репрезентативец ги загуби живците откако противникот симулираше тежок прекршок (ВИДЕО)

Јужноамериканскиот темперамент е опасна работа, а избувливите фудбалери секогаш се наоѓаат во центарот на внимението со нивното „дивеење“. Така беше и оваа вечер на мечот од бразилското првенство помеѓу Флуминесе и Форталеза кога при глума за тежок прекршок поранешниот репрезентативец на Бразил, Фред ги загуби живците.

Во 76. минута од мечот при негатива од 2-0 за својот тим, Фред дотрча до фудбалерот на Форталезе, Роналдо кој пробуваше да „украде“ време, а при гестикулацијата го допре противникот по лицето. Овој почна да се „валка“ по теренот симулирајќи тежок прекршок по што Фред имаше свое шоу за кое доби само жолт картон.

 

Се вчитува...