На поранешниот фудбалер на Интер, Мауро Белуги му се ампутирани двете нозе. 70-годишниот Италијанец, завршил во болница на почетокот на ноември поради коронавирус. Имал големи проблеми со здравјето и претходно, а како му се влоши здравствената состојба, лекарите морале да му ги ампутираат двете нозе.
„Коронавирусот ми ги зема нозете со кои дадов гол против Борусија Менхенгладбах“, изјави Белуџи.
Тој гол во Купот на шампионите воедно беше и единствениот кој го постигна во кариерата во која покрај за Интер играше и за Болоња, Наполи и Парезе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА