Поранешен фудбалер на Ливерпул нов сопственик на Болтон?

Поранешниот фудбалер на Ливерпул и холандски репрезентативец Дирк Кајт е заинтересиран да го купи англискиот фудбалски клуб Болтон, пишуваат медиумите во Холандија.

Кајт во авантурата би се впуштил со холандскиот бизнисмен Роб Јансен, како дел од групата поранешни фудбалери кои сакаат да го купат поранешниот премиерлигаш.

„Долгогодишна желба ми е со група активни и поранешни фудбалери со кои соработувам да купам фудбалски клуб. Имаме заедничка идеја за тоа како треба да биде воден еден професионален клуб кој во иднина треба да бележи врвни резултати. Се радувам на новата авантура“, изјави Јансен. 

Болтон минатата сезона испадна од Чемпионшип поради финансиски проблеми, штрајкот на фудбалерите и два неуспешни обиди за продажба на клубот. Сезоната во Лига 1 ќе ја почне со минус 12 бода.

Се вчитува...