Поранешен фудбалер на Милан стана претседател на држава

Своевремено, еден од најдобрите напаѓачи во светот, поранешен фудбалер на Милан, ПСЖ, Челси, Манчестер сити и на Марсеј, Џорџ Веа, стана претседател на Либерија. Некогаш славниот фудбалер победи на претседателските избори во својата земја и на највисоката политичка функција во земјата го наследи Елен Џонсон Сирлив од кого Веа загуби на претседателските избори во 2005 година.

Освен како еден од најдобрите фудбалери во своето време, Џорџ Веа е познат и како голем хуманист. По завршувањето на фудбалската кариера, Веа влезе во политиката и веќе подолго време е активен на политичката сцена во својата замја. Сега тој достигна врв во својата и нанзначен е за претседател на Либерија.

Во својта фудбалска кариера, Веа со ПСЖ ја освои француската Лига 1, а со екипата на Милан два пати беше шампион на Италија. Три пати беше прогласен за најдобар фудбалер во Африка (1989, 1994 и во 1995), три пати беше во најдобрите 11 во изборот на ФИФА и еднаш беше меѓу резеврвите во најдобриот светски тим.

Во сезоната 1994/1995 Џорџ Веа беше најдобар стрелец во Лигата на шампионите, а во 1995 година ја доби „Златната топка“ за најдобар фудбалер во светот.

Weah pretsedatel

Се вчитува...